Каракамишева: Никому не смее да му се толерира непознавање на македонскиот јазик

by Fokus

Универзитетската професорка по уставно право Татјана Каракамишева вели дека е неуставно непознавањето на македонскиотјазик за лица вработени во државни институции.

„Според Уставот, македонскиот јазик е службен јазик на целата територија на државата! Не знам кому и зошто не му е јасна оваа уставна обврска! Никому, ама баш никому не смее да му се толерира непознавање на македонскиот јазик, посебно ако лицето е вработено на државно работно место“ истакна Каракамишева.

Таа вели дека политичарите од албанскиот блок, повикувајќи се на законот за употреба на јазиците, толкуваат дека граѓаните на Македонија од албанска припадност не мора да го знаат македонскиот јазик.

„Тоа е погрешно. Македонскиот јазик според Уставот е прв и службен јазик во Македонија. Во унитарна држава, каква што е Македонија, треба да постои еден службен јазик и други јазици, што се употребуваат. Ако се поништат поврзувачката улога и службеноста на македонскиот јазик, тогаш како држава и општество ќе одиме кон дезинтеграција и ќе се движиме кон идеите за двонационалност, федерализација, кантонизација“ предупредува професорката Каракамишева.

Поврзани новости