Позитивна и не толку позитивна 2013 година!

by lali

Не е важно која година сме, Македонија е вечна.

На син ми за Нова Година му го купив Уставот. Он место да го чита, одма го искина. ВМРОВЕЦ тој на тато!!

Вечер со комшиите, ајде среќна нова, пари, ово оно… А после 2-3 месеци слушаш… види го бееее, од кај овој толку пари маме му ебам!

За Бадник, фамилиите наместо паричка, ќе почнат партиска книшка да ставаат во лепчето. Знаат дека тоа носи најмногу среќа во државава.

Спорот со името ќе го надживее Нимиц.

„Дојдов, видов, се прошетав“ – Метју Нимиц.

Толку ни се топли односите со Бугарија што навечер спијам откриен.

Знаењето е сила, Мерцедес е-класа е моќ.

Google translate, нaш најдобар македонски новинар!

Замисли да не постоеше СДСМ, вестите на Сител ќе идеа вака: „Добро вечер, ова се вестите на Сител. Фала многу пријатно!“

Еднаш победив расправија со жена ми. Како? Не се дерев, туку мирно и тивко зборував, за да не ја разбудам.

Македонија сепак има повеќе вработени отколку невработени граѓани. #остваруваме

Во Македонија не е скапо. Во Македонија е немаштија.

Нова македонска басна: „Си бил еден лав и на орелот му рекол.. мјауууу’’

Oпштество без критика е општество што умира, а општество без хумор и без критика е општество што мачно умира.

Непријателите ќе ти покажат колку им значиш на пријателите.

Многу поразително за една држава е кога нејзината младина не крои планови како да успее во неа, туку како побрзо да ја напушти.

Легендата збори дека некогаш, многу одамана сe собрале роднини и пријатели на слава и не се скарале за политика.

Продавам синтисајзер, еднаш неделно користен. Се вработив во јавна администрација и веќе не ми треба, сеа со уста ќе си свирам.

Официјално од НАСА: На Марс и во Македонија некогаш постоел живот.

Едино само коа ќе уклучам бољер, не се појавува реклама од ДПМНЕ.

Најскапото нешто, најевтино го продаваат. Достоинството.

Си биле двајца во Пустец. Другите 2000 дошле во Скопје.

Денес бев на плоштад, а плоштадот не беше таму!

Седат на клупа двајца млади дечки. Едниот невработен, другиот исто така без партиска книшка.

Да бидам искрен, рингишпилот од Скопје 2014 е еден од најдобрите симболи за Македонија. Ќе го преставува 20 годишното вртење во круг на нашата држава!

Не очајувајте браќа Македонци. Се ближат деновите кога ќе ја газиме ГРЧКА… …по плажите!

Живееме во време на „Не ме сфаќајте погрешно“.

Чудо нешто колку многу знам и памтам незначајни работи. На пример еве, кој ни е претседател на државава.

Утре ако организираат Полат на годината, цел Чаир ќе се пријави!

Доктор Оз ќе лапа највише пари по учинок.

По заминувањето на БЦ во СДСМ сега ситуацијата е иста како Манчестер Јунајтед. Само разликата е што Фергусон зад себе остави победнички тим.

А бе у вторник и електричен стол да има стаено у државен автобус ќе биде зафатен.

Голем дел од полуматурантите личат на матуранти, матурантите на апсолвенти, апсолвентите на магистри а магистрите голем дел се невработени.

Кај нас нема вампири. Изумреа од распипаната крв кај луѓето.

Празен новчаник тежи повеќе од полн новчаник.

Стевче прави нова партија, ГРОМ ќе се вика. Сеа СДСМ да се јебачи и ружата да ја сменат у коприва.

Доаѓам дома, влагам у дневна соба глеам растурено, играчки на сите страни. Гарант син ми си играл Скопје 2014.

Легендата вика дека некаде постои Македонец кој го прочитал упатството за склопување и користење на производ, пред прво да се обиде тој самоуко да го склопи.

Не си мајстор ако не ти се гледа линијата од гзот додека поправаш нешто.

Толку многу знаеш да касниш што заедно и со Премиерот да ве поканам на гости, после него ќе дојдеш.

Си биле два абортуса и едниот бил забранет.

Секоја злонамерна мисла да беше камен а каменот бумеранг.

– Добар ден, се јавуваме од институтот Павел Шатев. Испитуваме за рејтингот на претседателот. Моментално претседател ни е Ѓорѓе Иванов, дали имате слушнато за него?

Ајде да се собереме 2000 души што од тапкање едното рамо ни е подолу симнато.

Не знаеш кој е постар во Охрид, педалинките или езерото.

Полн му е џебот со празни ветувања.

Сум морал да лепам плакати. А дедо ми убаво ми викаше: Васиљ баш ти лепо стоје сузе, али немој плакати!

Автентичен македонски блуз е оној во гласот на старо купуем.

Нашле балканец на пуст остров. Бил скаран сам со себе поради територијата.

– Си ослабел бе брат. – Па да, на диета сум. – Каква диета? – Македонска. – Каква е таа бе, што јадеш, само домашни производи ли? – Не, јадам што ќе најдам во фрижидер.

Има денови толку многу сум баксуз што и да сакам да фрлам паричка за среќа во фонтана, ќе ја промашам фонтаната.

Каблите позади компјутер толку многу ми се заплеткни што ако Ден Браун ги види, нова книга ќе може да напише.

Даваш прст. Ти зема рака, нога, око, јетра, желудац и плус ДДВ. Такви се денес владите.

Со документите кои шпионите ги давале на друга држава се известувало дека Македонија поседува осиромашен народиум.

„Пријави корупција!“ Е да бе, и после да ме гонат за кодошење.

МАНУ ЧАО! – Божин Павловски

Македонец фатил златна рипка и го избршале од агенција за вработување.

Парите кат-тат ќе ги вратат. Добро.. за TAT и не сум баш сигурен.

Некад кога мора да останам буден, бројам неплатени сметки.

Снегов мирно и безгрижно си паѓа сред ноќ. Ама утре коа ќе се раздени и види дека паднал у Македонија, ќе се разочара.

Рекоа ќе дојдат подобри денови, но изглеа нешто проблеми со визата имаат.

Во Македонија се намалила корупцијата. Народот веќе нема пари ни за подмитување.

– Како живеете? – Па викаат добро.

– Татооооо, ни ја крадат колата! – Ќути сине, има и полошо.

Ние дома веќе долго време не ги делите јадењата на посни и мрсни, туку на што има и што нема.

Си биле две јајца и едното го прашало другото: – Ти што сакаш да бидеш коа ќе пораснеш? – Универзална сала сакам да бидам.

Веќе е петок 13ти. За многу во светот, несреќен ден. За нас во Македонија како и секој друг ден.

Комшијата гарант ја пцуе маглава. Не може да види што носам у кесите од пазар.

 

И мојот фаворит:

Ме средна лопов на улица. – Дечко дај парите! – Неам пари. Ми извади нож. – Дечко дај парите! – Неам пари. Ми извади пиштол. – Дечко дај парите! – Неам пари. Ми извади пушка. – Дечко дај парите! – А бе, ти имаш нож, пиштол, пушка, си земал од мене пари бараш! – Ги продавам, сакаш да ги купиш? – Неам пари. Ми извади телефон. – Имаш фесјбук? – Имам. – Може лајк на сликава, за наградна игра ми е!