Чак Норис се чувствува загрозен од Казанџиска

by lali 09:10
09:10

Мегаѕвездата Чак Норис познат како најсилен човек на светот со внимание ги следи вестите што ги објавува македонското МВР а кои сведочат за фактот дека неговиот имиџ на најсилен би можел да биде загрозен од пратеничката на СДСМ од Штип Билјана Казанџиска.

Според соопштенијата на МВР, Казанџиска истепала 15 полицајци во Штип, ги кренала со една рака и ги истресла пред штипската полиција. Потоа кренала два полициски џипа марка јети и ги фрлила во Брегалница.

- Advertising -

Информациите велат дека голораките вмровци во градот седат заклучени дома во страв и ужас, излегуваат само за да купат леб и млеко, но и тоа го прават само денски и со трчање за да не налетаат на озлогласената пратеничка на СДСМ. Тие се прашуваат дали во државава има сила што може да ја сопре Казанџиска.

– Сум чул за таа жена. Но, не и се плашам. Сепак, признавам, последното соопштение од МВР направи да се чувствувам дека славата би можела да ми биде загрозена. Ако ме повика мојот добар пријател Никола Груевски, ќе дојдам да помогнам – рекол Чак Норис.

Казанџиска се закани дека ако продолжат притисоците од МВР, ќе се изнервира, ќе ја крене цела полициска станица во Штип, ќеја донесе во Скопје и ќе ја фрли под прозор на двоецот Гордана Јанкуловска-Иво Котевски.

Поврзани новости