Пожарот во Битола ставен под контрола

by fokus

Пожарот што попладнево избувна во кругот на фабриката “Жито Битола” е локализиран и ставен под контрола. Нема опасност за ширење, но тешко оди неговото гаснење, па пожарникарите ќе останат на терен цела ноќ.

Ангажирани се сите 27 пожарникари од битолската единица, а на помош пристигна и против-пожарно возило на РЕК Битола.

За среќа во пожарот нема повредени.

Поврзани новости