Пожарот се заканува да остави пола Атина без струја

by fokus

Се посилниот ветер распламти голем шумски пожар северно од грчката престолнина, кој и се закани и на инсталација клучна за снабдувањето со електрична енергија во Атина.

Пристапот до дел од автопатот беше прекинат, а жителите на две други населби во подножјето на планината Парнита беа евакуирани.

Според грчките медиуми, пожарот се приближил до инсталацијата на грчкиот оператор за дистрибуција на електрична енергија во населбата Агиос Стефанос.

Доколку инсталацијата е погодена од пожарот, големи делови од грчката престолнина би можеле да останат без електрична енергија.

Најголемиот пожарен фронт се наоѓа во близина на населбата Афиднес, поради што властите беа принудени да затворат дел од автопатот.

Поврзани новости