Се уште се трага по жената што се верува дека изгоре во Челопек

by fokus

Телото на 60-годишната Стојанка од селото Челопек, општина Старо Нагоричане, за која нејзиниот сопатник Борис Димковски и дел од мештаните тврдат дека загинала во пожарот кој ја изгоре нивната куќа, се уште не е пронајдено.

Мистеријата продолжува откако и денеска увидна екипа на МВР трага по телото, но до овој момент ништо не е пронајдено.

Вчера потрагата траеше до 20 часот, но не беше пронајдена ниту трага од жената иако со помош на механизација беа разрушени и делови од куќата.

Од Министерството за внатрешни работи денеска информираат дека согласно законските прописи постапуваат по насока на Јавен обвинител, па во координација со Јавен обвинител од ОЈО Куманово, полициски службеници извршиле детален увид на местото на опожарената куќа во Старо Нагоричане.

Откако не се пронајдени остатоци кои укажуваат на опожарено лице, распишана е потрага по лицето, по која веќе се постапува од страна на Отсекот за потраги.

Поврзани новости