Пожарот од автомобилите на Тушеви стопил ролетна, домаќинот со црево спречил поголема опасност

by Фокус

Полцијата истражува кој стои зад опожарувањето на петте возила, од кои три се целосно изгорени, а две се делумно оштетени. Трите опожарени возила што утринава целосно изгореа во пожар на улицата „Борис Крајгер“, во штипската населба Сењак, се уште стојат на паркинг просторот. Станарите за МИА сведочат дека пожарот настанал по пет часот, која, според нивните кажувања, се слушнала силна експлозија.

-Беше навистина застрашувачки. Се гледаше дека горат три автомобил. За среќа пожарникарите брзо пристигнаа и не дозволија да се прошири пожарот. Еве гледате на еден од становите е и стопена ролетната. Соседот од тој стан со црево не дозволи да се запали – вели Стефан Димитров.

Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека брзо интервенирале и спречиле огнените јазици да се прошират.

-Во пет часот градот се буди можело да има и други минувачи, за среќа нема повредени лица, но секако дека е опасно, бидејќи во овие моторни возила има запливи течности, брзо гори ентериерот на возилото. Така што еден од потешките пожари е на запалено возило – вели Атанасов.

Во пожарот целосно се изгорени и две возила на Никола и Мите Тушеви, брат и татко на поранешната пратеничка на СДСМ, Маринела Тушева. Тушев не ја исклучува можноста настанот да е политички мотивиран, меѓутоа, како што вели, ќе чека да заврши истрагата.

Поврзани новости