Албанија го изгласа нацрт законот за приватни затвори

by Fokus 16:15
16:15

Советот на министри на Албанија вчера одобри Нацрт-закон со кој се уредува третманот на осудените со затвор и притвор, а со кој се предвидува и изградба на приватни затвори.

Како што пренесува Топ Чанел, во членот 15 од новиот Предлог-закон се вели дека институциите за извршување на кривични одлуки се јавни и приватни и дека Советот на министри ги поставува правилата за функционирање, администрација, склучување договори, како и правилата за утврдување на безбедносните елементи во приватните институции за извршување на кривични одлуки.

- Advertisements -

Според Предлог-законот право на сместување во овие приватни затвори ќе имаат осудените на кои им е изречена казна затвор до пет години. Но, право за сместување во приватните затвори нема да имаат осудените лица кои со судска одлука се сместени во високи безбедносни институции.

Поврзани новости