638
Пожарот што вечерва избувна во близина на скопското средно училиште „Димитар Влахов“ е ставен под контрола, информираше градоначалникот на Скопје Петре Шилегов преку „Фејсбук“. Пожарникарите за кратко време го локализирале пожарот во кој горела сува трева, а ниту еден објект не бил загрозен.
– Пожарот околу пругата (сува трева) е ставен под контрола. Ниту еден објект, ниту човечки живот не е загрозен. Противпожарната бригада на Град Скопје, како и секогаш е на висина на својата задача – објави Шилегов на Фејсбук.