Пожарникари од Струмица заминуваат да помогнат на настраданите од земјотресот во Турција

by Fokus

Осум пожарникари од ТППЕ Струмица ќе заминат во спасувачка мисија во подрачјето погодено од силниот земјотрес во Турција.

Тие ќе бидат во состав на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), кој е во состав на Републичките сили за заштита и спасување при Владата на Република Македонија.Ова го истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Нашите пожарникари се специјално обучени за вакви непогоди и имаат искуство од земјотресот во Албанија, напиша Костадинов.

Поврзани новости