Пожар во прилепската текстилна фабрика „Тила“

by Fokus

Денеска околу 13 часот избувнал пожар на покривната конструкција на текстилната фабрика „Тила“ во Прилеп.

Според информациите, зафатени се покривот на фабриката и сончевите колектори.

Пожарникари со противпожарни возила од ППЕ Прилеп повеќе од еден час се обидуваа да го локализираат пожарот

Според првичните сознанија, за време на избувнувањето на пожарот во фабриката немало никој. Не е познато што го предизвикало пожарот.

Фабриката „Тила“ произведува конфекција за деца.

Поврзани новости