Пожар во предградие на Атина, превентивно евакуирано СОС детското село

by Fokus

По препорака од Противпожарната служба на Грција, СОС детското село во Вари, јужното предградие на Атина, утрово беше превентивно евакуирано, откако во близина изби голем пожар, објавија грчките медиуми.

Од Противпожарната служба на Грција соопштија дека во гаснењето учествуваат 25 пожарникари со десет возила и еден хеликоптер , јави дописничката на МИА од Атина

Поврзани новости