Најмалку 20 луѓе загинаа во пожар во илегален дом за стари лица во рускиот град Кемерово, во регионот на Западен Сибир, соопштија руските служби за итни случаи.
-На местото на пожарот спасувачите продолжуваат да работат и да ги пребаруваат урнатините во тешки услови, со ниска температура на воздухот. Според последните податоци, загинале 20 лица, соопшти итната помош, пренесува ТАС.
По пожарот обвинителството покрена случај за убиство од небрежност, а гувернерот на Кузбас Сергеј Цивилев изјави дека ќе бидат проверени сите институции од ваков тип, особено приватните.
-Ќе ги провериме сите институции од ваков тип, пред се приватните. Проверките ќе завршат за една недела, напиша Цивилев на својот Телеграм канал.
Пожарот избувнал во двокатна дрвена зграда од приватен дом за стари лица во Кемерово, а надлежните судски служби потврдиле дека се работи за дивоградба