692
Тетовските пожарникари опладнево гасат пожар што зафатил двокатна куќа во селото Стенче во општина Брвеница. Според првичните информации на тетовската полиција во куќата никој не престојувал, а сопственикот живеел во Тетово.
Од тетовската пожарна интервенирале со четири камиони за гаснење и девет пожарникари.
-Се бориме неколку часа за целосно да го ликвидираме огнот и со тоа да спречиме да се прошири кон другите куќи кои во ова село се една до друга, од збиен тип, информира Ука Алити, командант на тетовската Територијална противпожарна единица.
Првично, утврдено е дека огнот започнал во покривот од куќата и се проширил на долните катови.