Состојбата во чешките болници е критична, дел од пациентите ќе се лекуваат во странство

by Fokus 20:16
20:16

Чешка побара од Германија, Швајцарија и Полска да примат десетици нивни ковид-пациенти, бидејќи состојбата во чешките болници е критична, соопшти денеска Министерството за здравство.

Чешка во последните неколку недели стана една од најтешко погодените земји на глобално ниво, бидејќи многу регионални болници, преплавени од приливот на ковид-пациенти, беа принудени да ги префрлат во други болници, стотици километри подалеку од нивните матични градови.

- Advertisements -

-Големиот број новозаразени лица го зголеми притисокот врз здравствениот систем, а расте и бројот на пациентите на кои им е потребна хоспитализација, соопшти Министерството.

Податоците на Министерството за здравство покажаа дека до утринава во земјата биле хоспотализирани 8.153 лица со Ковид-19, од кои 1.735 се на интензивна нега.

-Некои региони болниците ги исцрпија своите капацитети и веќе не можат да обезбедат соодветна грижа или да примаат нови пациенти без помош на други земји, изјави министерот за здравство Јан Блатно.

Низ целата земја достапни се само 13 проценти од капацитетот за интензивна нега, а во Прага овој процент е едвај пет проценти.

Поврзани новости