Пожар во хотел „Буши“ во Скопје, имало свадба

by Fokus

Изби пожар во ресторанот на хотелот Буши во старата скопска чаршија, информира репортерот на ТВ21.

Од таму се додава дека на терен се противпожарната бригада, како и Брзата помош која интервенирала кај неколку лица кои вдишиле чад.

Според информациите од ЦУК во моментот на пожарот во хотелот имало свадба.

Поради големиот број на луѓе кои биле во хотелот и фактот дека вдишале чад побарана е интервенција од брзата помош. Најверојкатно пожарот избувнал во кујната како последица на експлозија на плинска боца.

Поврзани новости