359
Најмалку девет пациенти загинаа, десет се во тешка здраствена состојба, а шест се полесно повредени во пожар што изби во болница во северниот дел на Тајван.
Пожарот изби на седмиот кат, каде биле сместени 33 критични пациенти.
– Повеќе од 20 пациенти се испратени во други болници, соопшти градската управа на Синбеј.
Огнот бил изгаснат за еден час, а истрагата за причината за пожарот е во тек.