Дијаспората кон Заев: Тој континуирано ги загрозува позициите на Македонија

by fokus

Мислејќи дека работи во интерес на својата земја и народ, премиерот Зоран Заев продолжува да ги загрозува позициите на Република Македонија, тврдат од најголемата организација на Македонците надвор од Македонија, Обединета Македонска Дијаспора (ОМД).

Имено, најавата на Радев за регулирање на прашањето за Илинден преку амандмани на договорот со чие прифаќање се условува бугарската поддршка за интеграција на Република Македонија во Европската Унија, според ОМД е обид за остварување на апсолутно редефинирање на македонската историја.

Согласно ставот на ОМД, добрососедскиот договор со Бугарија е штетен за Македонија и македонската национална кауза, кој воопшто не ги заштитува нити ги гарантира правата на македонското малцинство во Бугарија. За добрососедски односи потребни се дела, а не договори, порачуваат од ОМД.

Поврзани новости