Пожар на Витачево, горат трева и дабова шума на околу 20 хектари

by Fokus

Пожар зафати трева и дабова шума на околу 20 хектари на висорамнината Витачево. Огнот почнал кај станицата на селото Драгожел.

Од Територијалната противпожарна единица Кавадарци потврдија за МИА дека на местото засега интервенираат четворица пожарникари со едно возило.

-Околу час и половина се бориме со огнот. Во таа борба многу ни одмага ветерот кој го има во моментов на висорамнината, рекоа од единицата.

Очекуваат поддршка во гаснењето на пожарот од работници на подружницата на „Македонски шуми”.

Поврзани новости