Караџоски: Храбар е некој кој ќе остане дома, а не да шета надвор!

by Fokus

Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје е револтиран на лицата кои не го почитуваат полицискиот час, со оглед на состојбата со корона вирусот во Македонија.

„Некој е храбар кога ќе остане дома, а не кога ќе излезе на улица и ќе покажува колку e храбар“, посочи Караџоски.

Во однос на барањето на Охрид, да се забрани влез во градот на други жители за периодот околу велигденските празници, Караџоски смета дека тоа е нехумано.

„Не е коректно да им се забранува на луѓето да одат во Охрид. Тие луѓе плаќаат данок на својот имот таму. Сметајте дека во целата држава има корона вирус, за полесно да спиете“, соопшти Караџоски.

Поврзани новости