Борис Џонсон отпуштен од болница

by Fokus

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска е отпуштен од болница каде што беше на интензивна нега поради корона вирус, соопшти Даунинг стрит.

– По совет на лекарите, премиерот нема веднаш да се врати на работа. Се заблагодарува на сите во болницата Сент Томас за интензивната нега што ја доби, изјави портпарол на Владата.

Џонсон во болницата беше примен пред една седмица, по десет дена самоизолација за време на кои не престана да чувствува симптоми на вирусот.

Поврзани новости