Пожар кај винаријата Сопот

by fokus

Никако не мируваат пожарите во близина на Велес, откако попладнево избувна нов пожар, овојпат во близина на винаријата Сопот.

„Запалено е стрниште попладнево кое се шири од кај патарината Сопот, десно кон винаријата. Противпожарна единица е излезена на терен и пожарот ќе биде локализиран“, ни изјави портапорот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Во неделата вечерта изгоре огромна површина на шума околу Велешкото езеро, а пожарот го предизвикале работници.

Поврзани новости