Врнежи од дожд ќе има попладнево во западните, а кон крајот на денот и во текот на ноќта во источните делови.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи – УХМР, под влијание на нестабилна воздушна маса од Медитеранот продолжува периодот на променливо и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Пообилни врнежи се очекуваат од петок попладне, во текот на ноќта и во сабота, кога ќе има пад на дневната температура. Утринската температури ќе се движи од два до десет, а дневната од 11 до 22 степена.