Повторно одложено судењето на Павле Богоевски

by fokus

Рочиштето за судењето на граѓанскиот активист Паве Богоевски денеска повторно беше одложено, бидејќи обвинителката достави вештачење за штетата изготвено на петти мај, два и пол месеци пред да биде поднесено обвинението.

Обвинителката тврдеше дека и таа го добила вештачењето дури на деветти овој месец, а Богоевски и Судот, првпат дознаа дека постои на денешното рочиште. Поради тоа, одбраната побара одложување за 21 ноември.

Павле Богоевски кој е кандидат и за пратеник, е обвинет за учество во толпа која предизвикала материјална штета врз зградата на Министерството за култура за време на протестите.

Поврзани новости