Повторно дојава за бомба во неколку скопски училишта

by fokus

Денеска, во неколку скопски училишта повторно пристигнала предупредувачка порака за поставени бомби. Како и вчера, од МВР за „Фокус“ велат дека и денеска е постапено исто. Односно, учениците се евакуирани,а антитерористичката единица на МВР врши детални проверки во училиштата.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово изјави дека истрагата за вчерашните пријави за бомби е во тек и познати се првите податоци за тоа од каде се испратени тие е-пораки.

„Најважно е да успееме да ги откриеме сите ИП адреси од каде доаѓа овој монструозен чин, без разлика дали станува збор за хибриден напад врз Северна Македонија или политички игри, како една од претпоставките. Без разлика на што се однесува, никој не смее да дозволи да си игра со судбините на децата и на сите нас. Ова е сензитивна тема и сметам дека без разлика кој го нарачува сето ова треба да има на ум дека не може да се игра со системот и со граѓаните на Република Северна Македонија“, рече Спасовски и додаде дека казните треба да бидат најстроги.

В.В.

Поврзани новости