МВР: Во девет училишта денеска пристигна закана за поставена бомба

by fokus

Од МВР информираат дека денеска во девет училишта во Скопје пристигнала закана за поставени бомби.

-Денеска во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адреси на девет училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости