Повредено едно лице во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола, сообраќајот во прекин

by Fokus

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Прилеп-Битола.

Според информациите од МВР, несреќата се случила синоќа околу 1 часот по полноќ.

Во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило и автомобил, а повредено е едно лице.

Сообраќајот на магистралниот пат е во прекин, а истиот се пренасочува.

Од МВР додаваат дека по завршување на увидот ќе излезат со повеќе информации.

Поврзани новости