Повредено 6-годишно дете во судир меѓу „цитроен“ и трактор

by fokus

Четири лица се повредени во судир меѓу патничко моторно возило „цитроен“ и трактор на магистралниот пат Штип-Делчево кај место викано “Голем брег“ во атарот на селото Тркање. Сообраќајката се случила вчера во 20.40 часот.

Меѓу повредените е и 6-годишно дете кое се превезувало во „цитроенот“. Како што велат од полицијата најтешко повредена е сопатничката од автомобилот 57-годишната Б.Ц.

„На 10.05.2018 година во 20.40 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Цитроен“ со кочански регистарски ознаки управувано од И.М.(36) од Кочани во кое како сопатник било 6 годишно дете и трактор „Масеј Фергусон“ исто така со кочански регистарски ознаки управуван од О.С.(35) со сопатничка Б.Ц.(57), двајцата од село Тркање, кочанско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Б.С. додека со телесни повреди се здобиле О.С., И.М. и шестгодишното дете. На повредените им била укажана лекарска помош во Здравствен  дом  Кочани. Извршен е увид на местото на настанот“, соопштија од МВР.

Поврзани новости