13-годишник со „Југо“ удрил во бетонски ѕид, таткото меѓу сопатниците

by fokus 10:49
10:49

На регионалниот пат Мавровска крстосница кон Дебар вчера околу 17.00 часот се случила сообраќајна несреќа кога „Југо“ управувано од 13-годишник од Кавадарци удрил во бетонски ѕид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетникот, како и сопатниците меѓу кои бил и неговиот татко.

„13 годишен малолетник од Кавадарци управувајќи патничко моторно возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки со прикачена лесна приколка удрил во бетонски ѕид. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој по укажаната лекарска помош во Ургентен центар Гостивар  е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Сопатниците во возилото, неговиот татко Ш.Д.(31) од Кавадарци и М.М.(37) од Гостивар, се здобиле со телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот“, велат од полицијата.

Поврзани новости