Избил пожар во барокниот објект на Народна банка

by fokus

Пожар избувнал во новиот објект на Народна банка кој се гради на улицата „Филип Втори“. Пожарот настанал вчера околу 19.40 часот поради што интервенирала Противпожарна единица.

Од полицијата велат дека била опожарена пилевина и огнот за кратко бил изгаснат.

Објектот кој го гради НБРМ на парцела до Македонската опера и балет, се предвидува дека ќе чини околу 24 милиони евра. Владата уште во 2013 година и го додели ова земјиште на НБРМ на трајно користење. Новото седиште на НБРМ ќе биде во стилот на „Скопје 2014“ во барокно руво.

Поврзани новости