Повредените полициски службеници биле приватно во Шутка по дојава за киднапирања на деца

by fokus

Двајцата полицајци, кои вчера беа нападнати во Шутка, биле таму приватно по дојава на Фејсбук за наводни киднапирања на деца, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

-Повредени се двајца полициски службеници кои во тој момент не биле на работа, туку приватно биле во општина Шуто Оризари по претходно дадена дојава дека се случуваат наводни киднапирања на деца во општината преку Фејсбук. Апсолутно досега нема таква пријава дека се случил таков настан. Очекувам многу скоро да излеземе со конкретни информации и реакција во однос на луѓето кои учествувале во овој настан – изјави министерот.

По информациите дека на нападот претходел инцидент, Спасовски вели дека во МВР нема пријава за киднапирање и очекува наскоро полицијата да излезе со конкретни информации во врска со нападот.

Поврзани новости