Повредени патници од силни турбуленции на летот кон Атланта

by Fokus

Единаесет луѓе на лет на „Делта ерлајнс“ беа пренесени во болница во вторникот поради шокови и повреди по силните турбуленции на летот пред да слетаат во американскиот град Атланта. Меѓу повредените има членови на екипажот и патници. Тежината на повредите не е позната.

Авионот превезувал 151 патник и 14 членови на екипажот од Милано до САД. Беше на околу 70 километри североисточно од аеродромот Хартсфилд-Џексон во Атланта, кога наиде на турбуленции, но на крајот безбедно слета, објави Федералната агенција за авијација.

„Наш приоритет е да се грижиме за нашите клиенти и екипаж кои претрпеле повреди. Им благодариме на службите кои му излегоа во пресрет на леталото за да му укажат медицинска помош и да ги пренесат повредените во болница“, додаде портпаролот на „Делта ерлајнс“, пренесоа американските медиуми.

Ова е само еден од низата инциденти оваа година во кои луѓе беа повредени кога нивните летови наидеа на силни турбуленции, пренесува ABC.

Поврзани новости