Замрзнување на цените на храната, бара Организацијата на потрошувачите на Македонија

by Fokus

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ).

Храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните, потрошувачите, изјави денес претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова.

Според неа за заштита на конкуренција треба да се реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна.

“Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната – млеко, сирење, путер,…“,  рече Лончар Велкова.

Поврзани новости