Повредена жена во сообраќајка во населбата Лисиче

by fokus

На булеварот „12 Македонска бригада“, пред полициската станица во скопската населба Лисиче, утрово во сообраќајна несреќа тешко е повредена жена која итно со амбулантно возило е пренесена во Ургентниот центар.

Жената на самата крстосница како пешак е удрена од автомобил „опел венто“ со кумановски регистарски таблички.

Во моментот се очекува да пристигне увидна екипа за да се утврди причината за сообраќајката.

Поврзани новости