Одлуката на Врховен за СЈО е спорна и за министерката Дескоска

by fokus

Министерката за правда, Рената Дескоска, вели дека не сака од позиција на министер да ја коментира вчерашната одлука на Врховниот суд, според кој СЈО смеело да превзема предмети од редовнотно јавно обвинителство, само во првите18 месеци, но дава неколку поенти од кои јавноста сама би заклучила дека сепак Врховниот суд не е надлежен.

-Врховниот суд може да носи начелни правни мислења кога има различна судска пракса при примена на одреден закон. Јас не сакам да коментирам судски одлуки од позиција на министер за правда, но ќе ги поставам следните прашања од кои јавноста сама може да си извлече заклучоци: Дали во овој случај има различна судска пракса? Такво нешто нема. Дали судат различни судови? Не. По овие предмети суди само Скопје I. Дали во рамките на судот има различна пракса? Не, изјави министерката Дескоска за „Фокус“.

Засега не е јасно кој институција формално би можела да ја оспори одлуката на Врховниот суд.

Според вчерашната одлука, односно начелно правно мислење на Врховниот суд, по оддржана општа седница, врховните судии, не само што сметаат дека СЈО нема право да поднесе нови обвиненија по истекот на 18 месеци од добивањето на бомбите, туку не смее ниту да превзема предмети од редовното јавно обвинителство. Ова според одлуката на судиите значи дека СЈО, откако ги добило бомбите, смеело да води истраги и да поднесува обвиненија само првите 18 месеци, а секое дејствие остварено по овој рок да падне во вода.

-Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка, пишува во соопштението на Врховниот суд.

Валентина Вурмо

 

 

Поврзани новости