Повреден е полицаец во Скопје, во службената „шкода“ удрил тетовец со „голф“

by Fokus

МВР информира дека вчера во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јордан Мијалков“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.С.(57) од Тетово и возило „шкода“, сопственост на МВР.

Во незгодата со телесни повреди се здобил полицискиот службеник, кој го управувал возилото „шкода“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Поврзани новости