Со почетокот на Новата 2015 година стартуваа повеќе законски измени со кои или завршија некои поволности или се воведуваат нови давачки или дозволи.
Стапија на сила измените на Законот за данокот на додадена вредност, со кој отсега ДДВ обврзник се станува со извршен промет од 1 милион денари (досега беше 2 милиони денари). Во исто време заврши поволноста со која добивката не се оданочуваше, па сега фирмите ќе имаат обврска да платат 10 % на добивката на крајот на годината.
Има промени и во Законот за управување со електрична и електронска опрема, задолжителна пререгистрација на земјоделците, а уште неколку други законски решенија се во собраниска процедура.
Меѓу нив е и обврската за поседување енергетски пасош, со кој се покажува дека градбата ги исполнува условите за енергетска ефикасност предвидени во Законот за енергетика.
Од годинава ќе биде забранета регистрацијата за возилата кои испуштаат големо количество издувни гасови.
Од први јануари стартуваа и измените на повеќе закони со кои давачките за хонорарците се креваат на околу 37 отсто, што беше предмет на големо незадоволство кај хонорарните работници и кај неколку синдикат.