Бучковски нема да оди во затвор до конечната одлука на Врховен суд

by Фокус 17:39
17:39

Екс министерот за одбрана Владо Бучковски и поранешен премиер, нема да започне со издржување двегодишната затворска казна за случајот тенковски делови. Бучковски е осуден за злоупотреба на службената положба при набавка на тенковски делови во 2001.

Имено, врховниот суд го прифати неговото барање да се одложи извршувањето на казната, иако претходно кривичниот ги одби неговите барања. Од таму велат во моментов имало услови да се одложи издржувањето се додека да се одлучи по вонредното преиспитување на пресудата. За тоа велат од врховен ќе им бидат потребни неколку месеци да се разгледа и да се донесе одлука – бидејќи предметот бил вратен кај нив со мислење од обвинителството пред нова година.

- Advertisements -

Бучковски откако есента добил упатен акт за издржување на казната побарал одлагање за да ги заврши веќе отпочнатите обврски на правниот факултет но судијата за извршување санкции од основниот суд ја одбил молбата како неоснована. Тој поднел жалба и до кривичниот совет на судот но и од таму му ја одбиле жалбата.

Во кривичниот суд го добиле решението на врховен суд и ќе постапат по него.

Бучковски е осуден на две години затвор за случајот тенковски делови.

Според обвинението, Бучковски, Стамболиски, Менкиновски, Ѓурчевски и Петковски ја злоупотребиле службената положба при набавките на резервни делови на армиските тенкови  и го оштетиле буџетот за над 2 милиона евра. Бучковски за истото дело во 2008 година беше осуден на 3,5 години затвор, по што случајот беше вратен на повторно судење.

Поврзани новости