Студентски пленум: Продолжуваме во 2015 погласно, помасовно и побунтовно!

by Фокус 14:11
14:11

Студентски пленум преку Фејсбук им порача на студентите, но и на сите граѓани на Македонија дека и во новата година ќе продолжат нивните активности, и тоа погласно и побунтовно од досега.

„Студентскиот Пленум нема да запре. Во новата година со отворени уши и стиснати заби. Погласни, побунтовни и најодлучни ја продолжуваме борбата“, напишаа студентите.

- Advertisements -

studenti

Изминативе неколку седмици, откако власта порача дека ќе врши екстерна проверка на знаењата на студентите, преку државен испит, студентите се самоорганизираа и направија неколку масовни студентски протести, на кои се собраа и до 10000 лица.

studenti

Студентите добија поддршка од голем број на јавни личности, професори, од своите родители, но и од граѓани кои сметаат дека Владата со тој потег сака да стави рака врз автономијата на универзитетот.

1453429_1581613115402305_7655688611662291126_n

 

Поврзани новости