Повик за учеството на средношколската едукативна програма „Амбасадори на мирот“

by fokus

People to People International Skopje-Macedonia објави повик за учесници на четвртата генерација од едукативната програма за средношколци „Амбасадори на мирот“. 

Целта на програмата е да ги поврзе средношколците од Скопје, да ги охрабри да го вложат своето време во развој како индивидуи и да дојдат до заеднички идеи за општествено унапредување. Тема во фокус за овогодишната генерација е „Младинските придонеси во социјалнo предизвикани подрачја“.

Програмата ќе им понуди на средношколците едукација на неколку различни теми преку следниве работилници:

1. Работилница за тимска работа и лидерство (11.11.2017)
2. Работилница за подобрување на интеркултурната комуникација (18.11.2017)
3. Работилница за медиумска писменост (25.11.2017)

Сите учесници што успешно ќе ја комплетираат програмата ќе се стекнат со сертификат од People to People International, а исто така ќе им бидат понудени и можности за понатамошно лично унапредување и придонес во заедницата. Крајниот рок за аплицирање е 25 октомври (23:59).

Линк за аплицирање

Поврзани новости