610
Повеќе од четири часа се чека на границата со Грција за влез во земјава, на граничниот премин Евзони.
Долгата колона со возила започнува од првата наплатна рампа во Грција и се протега до границата. И за влез во Грција се чека околу еден час.
Нервозни патници во знак на револт свират, а се случија и неколку вербални напади поради превземање на ред во шесте колони.
Вики Клинчарова