МВР извести дека од започнување на бегалската криза до денеска поднесени се вкупно 49 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 36 барања се од државјани на Сирија, од нив 10 за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан и Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, по две барања од државјани од Мароко, Алжир и Ирак (едно од барањата е за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-52.495, потоа Авганистан-3.596, Ирак-3.003, Пакистан-1.876 Палестина-780, Сомалија-571, Бангладеж-446, Конго-324, Нигерија-205, Камерун-160 Еритреја-142, Етиопија-109, додека останатите се во помал број.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил, според МВР, во дневниот регистар на баратели на азил за 06.09.2015 година евидентирани се вкупно 10 баратели на азил, од кои 6 баратели на азил се мажи (од кои 1 барател на азил е повреден), 1 барателка на азил е женa и 3 баратели на азил се малолетни лица. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита четири баратели на азил – еден маж, една жена и две малолетни лица од кои едно малолетно лице е без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.