Судењето за „Пуч“ повторно одложено, Заев не се појави во судница

by fokus

Денес во Основниот суд – Скопје 1 повторно се одложи судењето за случајот „Пуч“, во чии рамки еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој не се појави во судницата. Обвинителот побара мерката за претпазливост да се укине, односно Заев да нема обврска да се пријавува кај службено лице секоја недела, туку, како што предложи обвинителот, нему повторно да му се одземе патната исправа. Во врска со новиот предлог на обвинителот треба да одлучи кривичен совет, поради што и судијката Љубинка Башевска го одложи судењето.

Инаку, Башевска додаде дека Заев примил покана за денешното рочиште, но, сепак, тој не се појави. Следното рочиште е закажано за 5 октомври, а судијката не спомена дали доколку и тогаш лидерот на СДСМ не се појави, ќе биде стражарно приведен, како што се закани претходниот пат. Адвокатот на Заев, Ангеле Илиевски, пак, рече дека овој суд нема надлежност да решава по овој предмет поради политичкиот договор за избор на специјален јавен обвинител на 15 септември.

Поврзани новости