Нова барокна зграда ќе го сокрие МОБ

by Фокус

Инвеститор на оваа нова зграда што се гради буквално до самиот ѕид на МОБ, е акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Објектот, според планот ќе има приземје, седум ката и поткровје.

Автор на идејното решение  е Жарко Чаушевски, познат по многу дела од проектот „Скопје 2014-та“. основниот проект е изработен од студиото „Архитектоника“ од Скопје. Нема повеќе информации зошто оваа нова зграда од проектот „Скопје 2014“ целосно ќе го сокрие еден од симболите на модерно Скопје, препознатливото бело здание на Македонската опера и балет. Освен што власта упорно ја негира архитектурата која не и оди во прилог на барокните изданија, таа немилосрдно уништува зеленило. И за овој објект беа пресечени неколку стебла и беше уништен уште еден парк во центарот на градот.

Огласот за изградба на барокната зграда беше објавен во јуни, со проценка дека ќе чини околу седум милиони евра.

Поврзани новости