Потврдена е пресудата за Додик – една година затвор и забрана за политички активности

by vlatko 15:21
15:21

Жалбениот совет на Судот на Босна и Херцеговина денес донесе конечна пресуда и го осуди претседателот на Република Српска, Милорад Додик, на една година затвор и шест години забрана за политичка активност поради неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит.

Додик ќе мора да престане да ја извршува функцијата претседател на Република Српска 6 години, објасни Судот, наведувајќи дека ова е заштитна мерка. Со тоа Судот на БиХ ја потврди првостепената пресуда и ги отфрли жалбите на одбраната на Додик и на Обвинителството на Босна и Херцеговина.

Според соопштението за медиумите на Судот на Босна и Херцеговина, писмената пресуда е испратена до страните денес, а жалба против оваа пресуда не е дозволена. Според пресудата, Додик е прогласен за виновен за неспроведување на одлуките на високиот меѓународен претставник, што е спротивно на одредбите од Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.

Додиќ рече дека Судот на БиХ е „политички и дека ова е политичка пресуда“.

-Шмит донесе одлука во која рече дека ќе им се изрекуваат затворски казни на оние кои не ги почитуваат неговите одлуки. Ако го прифатиме тоа, сите луѓе што седат тука се прашуваат кога ќе бидат на дневен ред на вакви одлуки за нешто. Ова е напад врз РС. Тие сакаат да го персонализираат тоа, велејќи дека тоа е Милорад Додик – рече тој и повтори дека не го прифаќа ова кривично дело пропишано од Шмит.

Слични вести