Потврден поткупот на избирачи во Демир Хисар: Директори нуделе 1.000 денари за глас

by fokus

Набљудувачите на Цивил потврдуваат дека во Демир Хисар функционери нуделе поткуп на избирачи. За ова поседуваат аудио сведоштво.

Набљудувач од Цивил, на дело ги фатил и ги снимил поткупувачите. Велат, дека станува збор за раководни лица од Центар за социјални работи и од Агенцијата за вработување кои на жители на селата им нуделе поткуп од 1.000 денари за глас.

Директорите на јавни институции нуделе поткуп за гласање во селата Брезово, Зашле и Мало Илино, а и сведок тврди дека добил 1.000 денари поткуп за гласање.

Случајот е пријавен во битолската полиција, од каде за 24 вести го потврдиле настанот, а известен е и јавeн обвинител.

Поврзани новости