Гласање во дијаспората: Во Белгија и Брисел не можеле да гласаат

by fokus 21:37
21:37

На гласачкото место во Кралството Белгија, според избирачкиот одбор, 52 лица се вратени, бидејќи не биле на гласачкиот список, јави Плусинфо.

Вкупно 170 македонски државјани, од 284 пријавени, денеска гласаа во македонската амбасада во Брисел, во рамки на гласањето на дијаспората за предвремените парламентарни избори во Република Македонија.

- Advertisements -
Banner 300x250_

Она што го одбележа денешното гласање во европската престолнина беше револтот и незадоволство на голем број македонски граѓани на гласачкото место 5003, откако според нив, иако биле уредно пријавени, сепак денеска не успеаја да го остварат своето гласачко право и да гласаат.

 

Поврзани новости