Потресно сведоштво на мајка која го изгубила синот – Ова не се случува само во јавното здравство, мене ми се случи во „Систина“

by fokus

Мајка која пред осум години го изгубила својот син болен од рак на 31 година во потресно сведоштво пред насобраните граѓани пред Влада предупреди дека злоупотреби со терапиите не се прават само во јавното, туку и во притватното здравство.

Таа од тага и гнев не можеше да ја дораскаже својата приказна пред јавноста, тресејќи се од болка и гнев.
Од она што можеше да се разбере од нејзиното кажување, пред осум години немало торакален хирург во Македонија па ги пратиле во Виена каде нејзиниот син бил третиран ласерски. Лекарот од Виена им препишал три хемотерапии.

Отишле во „Систина“ за да ги прими хемотерапиите, а таму им кажале дека ги немаат тие цитостатици. За десет минути им рекле да се вратат, дека ги нашле потребните цитостатици.

-Јас сум 44 години медицинска сестра не знам како ги најдоа цитостатиците за десет минути. По хемотерапиите, на син ми ниту апетитот му се намали, ниту коса му испадна, ниту ослабе. Ова не се случува само во јавното здравство, мене ми се случи во „Систина“, рече мајката.

Кога отишле во Виена лекарот им кажал дека хемотерапијата била неуспешна.

Поврзани новости