Потрагата по Милош, Ненад и Милан трае – се пребарува Дунав

by Fokus

Речната полиција и сите расположливи екипи на МВР на Србија трагаат по тројца пријатели кои исчезнале во студениот Дунав.

Несреќата се случи во саботата вечерта на еден километар од мостот Панчевац, а на 100 метри од брегот, пишува српски Курир.

Чамецот на кој имало четворица пријатели, од кои единствено преживеал Мане К.(37) бидејќи допливал до брегот, наводно биле пронајдени делови од него, ранец и некои други предмети.

-Потрагата по исчезнатите лица се уште трае и ќе продолжи до нивното пронаоѓање и се додека временските услови се поволни за пребарување на теренот – вели соговорникот и додава:

– Екипите кои учествуваат во потрагата помагаат и од копно и од Дунав. Пријателите на исчезнатите Ненад Тривковиќ, Милош Марковиќ и Милан Николиќ бараат помош од сите луѓе кои имаат чамци, глисери, дронови да помогнат во потрагата по нив.

Како што се дознава, сите момчиња се семејни мажи.

За потсетување, Единицата за безбедност на реката од синоќа трага по Милош Марковиќ (37), Ненад Тривковиќ (38) и Милан Николиќ, кои во саботата околу 21 часот испаднаа од чамецот кај мостот Панчевачки.

Сестрата на Ненад раскажала дека нејзиниот брат тој ден се сретнал со пријатели со кои долго време не се видел, па отишле да направат скара на Белата карпа.

– Се уште не знаеме ништо. Во потрага тргнале и неговите придружници. Сите се вклучени во потрагата. Мане е на седативи. Сите се во брак и имаат деца – изјави потресената сестра на исчезнатиот Ненад од Угриновци.

Мане Кнежевиќ бил прегледан во Ургентниот центар. Наводно, дал изјава во полиција, но не можел да каже која е причината за превртувањето на пловилото.

Како што беше претходно напишано, временските услови таа вечер и следниот ден беа лоши.

– Таа вечер имаше големи бранови, силно дуваше ветер, а ова е студена и непредвидлива река – вели извор на Курир.

Поврзани новости