Утре ќе се замрзнат цените на јајцата и оризот

by fokus

Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес конференција најави дека утре на седница на Владата ќе бидат замрзанти цените на оризот и јајцата согласно цените кои биле во текот на овој месец и рече дека зголемување на цените и недостаток на јајца за претстојните празници Велигден и Бајрам никако нема да има.

Тој денеска не сакаше да открие на која цена ќе биде замрзнувањето на јајцата, но рече дека имаат конкретен предлог како Министерство.

-Тоа нема да биде денешната цена, туку тоа ќе биде една од цените од месец март, но нема да ја кажам со цел да не можат трговците и производителите да се подготват. Но, тоа не значи дека немаме доверба кај стопанствениците, но пред да биде конечната одлука од страна на Владата не би сакал да објавам, рече тој.

Со одлука на Владата ќе се ограничи и доволно производство од јајцата да останува за потребите на домашниот пазар, односно процентуално ќе се ограничи колку може како производство да излезе надвор од Македонија.

Поврзани новости